речник контакт

Акциска контрола на возачите во Велес дали возат под дејство на алкохол и дали ја почитуваат пропишаната брзина

Седум возачи возеле под дејство на алкохол а 17 побрзо од дозволената брзина

Петар Печков

Полициската станица за безбедност во сообраќајот Велес, измиваните денови реализирала акциски контроли, за лица кои управуваат со превозни средства. Се контролирало колку брзо возат, дали се почитува пропишаната брзина и дали возат под дејство на алкохол.

„Во текот на вчерашниот ден 14 спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата ПС Велес. При тоа санкционирани се седум  возачи кои возилото го управувале под дејство на алкохол“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.  

Ваква акциска контрола ималo вчера и на подрачјето на другите СВР во земјава.  Од нив 18 прекршувања  биле на територија на СВР Куманово, 13 на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Битола.

Неделата на 12 февруари па била реализирана акција со која се санкционираат возачите кои возат со брзина поголема од дозволената .

„Санкционирање  се 17  возачи на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената“ додаде Самарџиев.

Тој потсетува дека континуирано се врши контрола на возачите, за почитување на сите сообраќајни правила и прописи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »