речник контакт

Акција за исклучување на неплаќачите на вода

Заради олеснување на плаќањето ЈКП Дервен нуди плаќање на рати.

Петар Печков

ЈКП Дервен започна со акција за исклучување од водоводна мрежа заради неплатени сметки, а по доставена опомена за неплатен долг. Заради олеснување на плаќањето и за да им излезе во пресрет на овие корисници, ЈКП Дервен нуди и плаќање на долгот на рати по претходно нотарски заверен договор со странките.  

Согласно Законот за водоснабдување, исклучување следува за повеќе од две неплатени сметки, иако во практика не го правиме тоа. Никогаш не сме исклучиле некого за неплатени две, три или четири сметки. ЈКП Дервен со секоја доставена фактура наведува и износ што корисникот го должи ако таков износ постои. Доколку долгот не се исплати, до корисникот се доставуваат ткн. црвени сметки како опомена за неплатен долг. Ако долгот е поголем, настојуваме да се склучуваат договори за плаќање на рати. ЈКП Дервен ги исклучува должниците од водоводната мрежа само кога нема друг избор  - велат од ова Јавно претпријатие.

ЈКП Дервен има не само право туку и законска обврска да наплаќа за потрошената вода и за останатите комунални услуги што ги извршува. Добрата наплата значи и стабилно претпријатие без долгови спрема доверителите, можност за инвестиции во разните сектори од комунални услуги и со краен резултат - подобри услуги за граѓаните.   За таа цел минатата година ЈКП Дервен изврши замена на 1.100 расипани водомери.

Целта на наплатата не е да се оствари профит. Јавните комунални претпријатија не работат за профит. Целта на наплатата е да се обезбедат доволно средства за покривање на трошоците за материјалите и работењето и одреден дел средства да се вложат во инвестиции – велат од ЈКП Дервен.

Тие ги информираат граѓаните дека согласно Законот за извршување, почнувајќи од 01.01.2012 сите извршни решенија, познати како тужби кои се поднесени до 26.05.2006 година судот по службена должност, а не по барање на ЈКП Дервен, туку согласно овој закон ќе ги даде на спроведување, т.е. наплата преку приватен извршител. Апелираме граѓаните да си ги подмират долговите, затоа што наплатата преку судски извршители значи и дополнителни трошоци што дополнително ќе го зголемат износот што треба да го платат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »