речник контакт

Акција за собирање на електрична и електронска опрема

Акцијата која е бесплатна ќе се спроведува од 10-ти до 30- ноември

Петар Печков

Општина Велес, ЈКП Дервен и организацијата „Нула отпад Скопје“  од петок, 10-ти ноември  ја  организираат “ акцијата за собирање на електрична и електронска опрема. Целта на оваа акција е да се заштити животната средина од опасен отпад.  Акцијата се реализира од 10 до крајот на месецов,  30 ноември.

Организаторот потсетува дека граѓаните можат да   фрлат како   отпад од електрична и електронска опрема: големи домашни апарати,  мали домашни апарати, компјутерска опрема, електронска опрема, опрема за осветлување, електрични и електронски апарати, електронски играчки и опрема, кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони, батерии и акумулатори.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во акција можат да се јават на телефонскиот број 070/233-768 секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот. Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП Дервен бесплатно ќе го превеземе од  домови и при тоа на граѓаните ќе им е издаде изјава за примопредавање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »