речник контакт

Акција против нелегалната продажба на дрва за огрев

Во велешко контролирани 17 објекти, дел затворени и парично казнети

Петар Печков

Во вторничната акција на повеќе државни  институции, спроведеми се заеднички контроли на објекти каде што се врши  продажба на огревно дрво.   Во Велешко, акцијата е изведена на повеќе локации, Бузалково, Чашка, Горно и Долно Јаболчиште. 

Според МВР за време на контролите од страна на УЈП согласно Законот за готовинско плаќање, прекршоци се констатирани во 59 објекти  од кои 11  во Велес за кои се донесени решенија за затворање и се изречени глоби од по 3.250 евра (2.500 евра за правното и 750 за одговорното лице во правното лице).

Државниот пазарен инспекторат констатирал 83 прекршоци од Законот за трговија и Законот за метрологија  од кои во Велес се шест, за што се изречени глоби во вредност од  по 2.000  евра. При преземање на мерките затворени се 22 објекти – складишта за продажба на дрва во Велес  шест.

МВР  чија основна улога била да овозможи безбедно и непречено одвивање на контролите, како и координирање на државните институции, против еден сопственик на складиште на подрачјето на Велес ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок поради нарушување на јавниот ред и мир при оваа акција. 

Во текот на вчерашниот дек извршени се контроли во 241 објекти на подрачјето на Македонија  каде што се врши продажба на огревно дрво  а во велешко во 17.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »