речник контакт

Акцијата „Пчеларот“ со Џејсон Стејтам премиерно во 3Д киноверзум (видео)

Осум филма наредните седум дена се на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес, два се премиерни еден е романтичната комедија „Само не ти“. И натаму на репертоарот е бајката „Вонка“ нагледаниот филм во светот последните четири седмици

Петар Печков

Американскиот акционен трилер „Пчеларот“ е филмска приказна за Глеј  ( Џејсон Стејтам) поранешен агент на организацијата „Пчелари“. Откако неговата пријателка и сосетка ќе се самоубие поради измама, тој решава брутално да се освети на сторителите.

Романтичната комедија „Само не ти“ е филмска приказна за млад пар Бен и Беа, кој по неверојатниот прв состанок  и привлечноста, брзо се оладува, се додека не се најдат случајно во Австралија. И тоа  на свадба кај пријатели. И го прават она што сите зрели луѓе би го направиле - се преправаат дека се пар.

Љубовната драма „Гулабица- чудесна приказна“ со Џилиен Андерсон и Хелен Мирен. Патувајте низ времето додека бабата на Џулијан му ја раскажува својата младост, каде што несебичниот чин на едно момче станува основа за љубовна приказна која ги надминува границите на стравот и опасноста. Приказни за нејзиното детство како млада еврејска девојка во Франција окупирана од нацистите за време на Втората светска војна, додека од нацистите ја крие соученик и неговите.

Спортската драма, комедија „Полн погодок“.  Приказна за фудбалскиот тим на Американска Самоа кои го имаат претрпено најголемиот пораз во историјата на Светското фудбалско првенство, губејќи од Австралија 31-0. Како што се приближува Светското првенство, тимот го регрутира тренерот Ронген кој би им помогнал да победат.

Биографскиот филм „Ферари“ е спортска драма во летото 1957 година, кога автомобилската империја на Енцо Ферари е во криза.

Американскиот филм акција,  авантура и фантазија „Аквамен и изгубеното кралство“ . Аквамен ги балансира своите должности како крал и како член на Лигата на правдата, сето тоа додека планира свадба. Блек Манта е во потрага по атлантска технологија за да помогне во обновата на неговиот оклоп. Орм планира да избега од неговиот затвор во Атлантида.

Најгледаниот филм во светот изминатиот месец, и за Божик и за Нова година,  „Вонка“ е пред велешката кино публика.  „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Дали сакате да знаете како започна сѐ? Откријте го потеклото на Вили Вонка и неговата средба со фасцинантните Умпа-Лумпа во неговите најрани авантури. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка, што го знаеме и денес.

Анимираниот филм од студиото на Дизни, бајката „Желба“ и натаму пред велешани.  Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »