речник контакт

Акцијата „Тивка ноќ“ и трилерот „Ден на благодарноста“ премиерно во 3Д киноверзум (видео)

Премиера има и цртаниот филм “Птици преселници“

Петар Печков

Седум филма на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес наредните седум дена, од нив три се премиери, меѓу нив и анимиран филм за деца.

Акцијата „Тивка ноќ“  Ожалостен татко по убиството на синот,  ја спроведува својата крвава одмаздата против безмилосната банда на Бадник. Режијата е на мајсторот на акцијата Џони Ву.

Хорор трилерот „Ден на благодарноста“, Откријте го извртениот план зад навидум случајните убиства во Плимут. Откако бунтот настанат на Black Friday завршува со трагедија, мистериозен убиец инспириран од Денот на благодарноста го тероризира Плимут, Масачусетс - родното место на злогласниот празник.

Анимираниот “Птици преселници“  е приказна за семејство патки кои  се обидуваат да го убедат нивниот престрог татко да одат на одмор.

Македонскиот филм „Најголемата вистина“ во режија на Мартин Цветковски, добива продолжение. Кој е извршителот на убиствата од првиот дел, ако не е Максим, бидејќи Ана физички не е доволно силна да ги изврши убиствата на жртвите? И најважното од се – каде е таткото на Максим и Ана ?

"МАША И МЕДО – УШТЕ ПОЗАБАВНО!"од 30 ноември синхронизиран на македонски.  Дванаесет месеци волшебни моменти и впечатливи авантури! Доживејте ја волшебната Божиќна приказна

Филмот „Наполеон, ја раскажува приказната за доаѓањето на Наполеон Бонапарта на власт и за неговиот однос со сопругата Жозефина,   за порастот на славата и моќта. Во филмот ги има и битките кај Аустерлиц, Бородино, Ватерло, за Пирамидите во Египет..  Режија и продукција се  на Ридли Скот, авторот на Гладијатор, Алиен, Блејд ранер, Ханибал, Робин Худ. Наполеон го игра Хоакин Феникс.

Анимираниот филм од студиото на Дизни „Желба“.  Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »