речник контакт

Акцијашите од Македонија во помош за поплавените подрачја на Словенија

Работеле на расчистување на штетите и последиците од невремето

Петар Печков

Акцијашите од Македонија, по барање на нивните колеги од Словенија, изминатиот викенд беа таму и помагаа во расчистувањето на последиците од поплавите, кои ја зафанаа оваа држава пред на почетокот од  месецов. Меѓу десетината aкчијаши беше  велешанецот Делчо Костов.   Биле  во Рибница на Похорје, на покана од пријател акцијаш.

„Работевме на расчистување на штетите и последиците од невремето. Активно работевме два дена. Во петокот работевме во расчистување на магацин за пластика, во објект каде се произведуваат акумулатори. Глетката беше катастрофална, 19 автомобили и 3 џипа кои беа поплавени, беа фрлени. Инвентар вреден околу 700 илјади евра, беше оштетен од поплавата. Товаривме 35 камиони пластика која беше за отпад и тоа за пет часа работа“ - вели Костов.

Освен него имало и  акцијаши  од Куманово, Скопје, Штип и Битола. Допатувале и акцијаши освен од  Македонија, и од  Србија и БиХ.

„Има недостиг на работа рака за расчистување. Се плаќа 15 до 17 евра за час, само да има кој д ама помогне, да ја исфрли штетата. Државата помага на државните  и јавни институции и фирми, инфраструктура,  со граѓаните тешко оди. Доаѓаа луѓе ни нудеа пари,да им помогнеме. Кажавме дојдени се на помош како акцијаши а не за пари. Следниот ден работевме на друга локација, луна парк за деца.  Тој беше цел прекриен со тиња. Откако за два часа го исчистивме, дојде некој човек кој имал пилана. Побара помош ја доби. Беше пресреќен и презадоволен што конечно му беше расчистена работилницата“ - додава Костов. По три дена престој и работа вчера се вратиле во Македонија. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »