речник контакт

Александар Костов повторно командир на ПС Велес

Тој истата функција ја вршеше во периодот 2008-2012-та

Петар Печков

Полициската станица Велес од пред три седмици има старо нов командир. Тоа е Александар Костов, кој истата функција ја вршеше во периодот 2008-2012-та.  

На 81-та седница одржана на 4-ти август, до Советот на Општина Велес пристигнал допис од Министерството за внатрешни работи, со кој се доставува листа на кандидати за избор на командир наПолициска станица од општа надлежност Велес.  Потоа предлог- решението за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност Велес,  со мнозинство гласови 12 за, е прифатено  да биде точка на дневен ред.

Подоцна како 8-ма точка истото без распава со 12 гласови „за“ е прифатено Александар Костов да биде новиот командир на ПС Велес.  Од ноември 2019-та на оваа позиција беше Трајче Алтанов.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »