речник контакт

Алергиски болести во пролет

Бројни граѓани секоја пролет имаат алергија на полен на трева, на цвеќе и полен од цветови на дрва, полен од коров Пишува интернист д-р Гоце Бузалков -пулмоалерголог

Петар Печков

Пролетта е за поголем број луѓе најубавото годишно време во кое уживаат во прошетките  и се радуваат на сонцето, топлината.  Но за некои луѓе тоа е период на потешкотии , поради што воопшто не му се радуваат, од една причина.. Имаат алергија на полен на  трева, на цвеќе и полен од цветови на дрва.

Станува збор за алергиски ринитис, состојба дефинирана како симптоматско  поремтување на носната слузница, кое се јавува после допир со  алергиите од околината, при што настанува воспалителна реакција. 
Некои луѓе имаат алергиски ринитис во текот на целата година.

Станува збор за  оние што се  алергични на домашна прашина и  дерматофагоидес и тој е именуван  целогодишен ринитис. Има некои  што се алергични само во текот на   одреден период од годината и тој е сезонски  алергиски ринитис. 

Податоците на Светската здравствена организација велат дека  од алергија од сите форми, во светот  боледува околу 25 отсто од популација или секој четврти човек на планетата Земја. 

Сезонски  алергиски ринитис за кој подолу пишувам може да биде предизвикан од  полен од трева, цвеќиња, полен до дрва, полен од коров. 

Откако ќе навлезе во носот и дојде во контакт со  носната слузница, поленот предизвикува алергиска реакција, која се манифестира со  интензивно чешање на носот, кивање, затнат нос или течење на бистар стаклест секрет, чешање на ушите, црвенило и солзење на очите.

Овие тегоби не се потенцијално опасни по животот на човекот но во многу голема мера    го онеспособуваат во вршењето на секојдневните активности, прават замор и создваат нервоза,    го отежнуваат учењето кај децата, спортувањето кај спортистите.  

Овие тегоби понекогаш можат да се  влошат од ненадејни промени на    температурата, од физички напор,   од чад од цигари, или од интензивно загаден воздух.

Понекогаш овие тегоби,  во околу 30 отсто случаи, се проследени со поткашлување или кашлање, што дополнително ја влошува здравствената состојба,  а потенцијално ја зголемува опасноста од  појавување на бронхијална астма,  болест која е често асоцирана со  алергиски ринитис и претставува доста  потешка форма  на белодробно заболување. 

Дијагностиката на овие болести  е релативно брза и лесна, но мора да се изведе во високо  специјализирани амбуланти, каде се прават тестови за алергија.

Тие се прават директно на телото т.н.    Прик тестови, најчесто на рацете од воларната страна или   со определување на некои фактори на воспалителатна алергиска реакција  преку крвта со специјални апарати наменети за таа потреба.

Исто така се испитува дали има клетки  одговорни за присуството на алергии над границите на нормалата во крвта, како и нивно присуство во носната слузница т.н.  еозинофили.

После правењето на овие основни и  неопходни      испитувања и докажување на алергијата  треба да се пристапи кон лекување  и превенција. 

Терапијата на  алергиски ринитис  како и сите други алергиски болести  се состои од примање на  неколку видови лекарства кои се аплицираат локално во носот   или се пијат како таблети.  Користењето на инјекции е многу ретко   и тие се даваат во најтешките форми на болест. 

Лековите кои се користат во спречувањето односно лекувањето на алергискиот   ринитис се следниве:

Локални антихистаминици   кои се даваат директно во носот  и го неутрализираат ослободениот хистамин, супстанца која  се ослободува  во текот на алергиската реакција  и е главен ,,виновник,, за сите тегоби

Локални коритикостероиди, лекови кои што спречуваат да   се создава хистаминот и во голема мерка ја намалуваат тежината за алергиската реакција (бексоназе, фликсоназе, риноко)    

Орални хистаминици, лекови кои се пијат и го намалуваат нивото на хистаминот  во крвта (летизен,  лоратадин, деслоратадин)

Други помалку познати  и користени лекови, кои во главно ги ординираат    специјалисти алерголози ( алтилеукотриени, кромолини)

Во последно време  се почесто се користи  т.н. специфична  имунотерапија, позната во народот како  вакцина против алергија, која што може   да се изведува со апликација, поткожно на алерген во мали количества на супстанца на која пациентот е алергичен. Или истата супстанца  може да се ординира  во вид на таблети што  се ставаат под јазикот.  Терапијата кај мали деца, над две години  се скоро иста како кај возрасните, само што дозите на лекови се прилагодени спрема    тежината и возраста на детето и се препорачува  избегнување на перорални и паренторални корти костероиди. 

Пишува  интернист   д-р Гоце Бузалков - пулмоалерголог

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »