речник контакт

Ало пожарна Велес, не Скопје

Телефонските повици наместо во Велес, се пренасочувале кон Скопје

Петар Печков

Телефонските повици кон противпожарната единица во Велес, изминатиот период завршувале во Скопје. Оваа информација која ја споделија соседите кои алармирале за пожарот минатата недела на Теќе, ја потврдија и надлежните, од противпожарната единица и градоначалникот на Велес.

Овие денови имаме технички проблем, префрлање на телефонскиот повик.  Сите повици од Македонија кон пожарната на 193 се пренасочуваат во Скопје.   Може да се случи бидејќи имаме улици со исти имиња секаде низ земјава, скопската да излезе на терен, иако таму нема пожар туку во некој град од Македонија.  Има проблем со ОНЕ и ВИП мобилната мрежа - изјави Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес.  

Со ваквата состојба бил запознаен и градоначалникот на Велес, кој писмено се обратил  до операторот да се отстрани проблемот. 

Ваквата состојба е присутна една недела.  Испративме писмена реакција до ОНЕ и ВИП, тие ветија дека ќе го отстранат проблемот – изјави  Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.  

За прв пат вакво префрлање на телефонскиот повик, имало минатата седмица кога гореше куќа на Теќе а соседите кога барале помош од противпожарната единица од Велес, биле поврзани пожарникарите во Скопје.

Втор случај бил деновиве кога  велешанка побарал помош од пожарната, таа да влезе во станот на нејзината мајка која имала здравствени проблеми и била заклучена, па тие преку терасата влегле во домот по што старицата била префрлена во Болница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »