речник контакт

Американски конгресмени во Велес дискутирале за соработката на локалната и централната власт

Наспроти очекувањата дека референдумот ќе биде носечка тема, тој воопшто не бил поставен како прашање, освен со констатацијата дека ,,Македонија ја чека важна одлука на 30-ти септември,,.

Петар Печков

Американски конгресмени, кои вчера  попладне беа во посета на Велес, интерес покажале за соработката на локалната со централната власт. Бил Флорес претставник на Тексас, Дејвид Прајс претставник н Северна Каролина, Дина Титус пшретставник на Невада, Гери Коноли претставник на Вирџинија и Сузан Дејвис  претставник на Калифорнија, имаа одвоени средби, кои беа затворени за јавноста,  со пратениците во Парламентот  од Повардарјето  и со градоначалникот и советниците од Велес. На нив присуствуваше и американскиот амбасадор во Скопје Бејли. 

На одделна средба со пратениците Панче Иванов, Илија Димовски, Иван Ивановски, Бетиане Китев,  Лилјана Затуроска, Агим Муртезани, Славица Шуманска –Митева и Емилија Александрова се разговараше за подобрување на механизмите со кои пратениците го пренесуваат барањата на граѓаните во законодавниот дом - стои во соопштението на Општина Велес, која беше домаќин.   Претходно средби имаа со  по пет советници од владејачката СДСМ и пет од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ плус претседавачот на Советот на Општина Велес.   Тема била подобрувањето на соработката на локалната со централната власт.

Петте американски конгресмени од САД остварија средба со градоначалникот Коцевски и  членовите на Советот на Општина Велес на која  беа разменети искуства и идеи за зајакнување на комуникацијата на општинските советници со централната власт со цел поефикасно преточување на приоритетите на граѓаните и локалните власти во политиките на делување на централните власти информираа од Општина Велес. 

Претставници и од власта и од опозицијата изјавија дека наспроти очекувањата дека  референдумот  ќе биде носечка тема,  тој воопшто не бил поставен како прашање, освен со констатацијата дека ,,Македонија ја чека важна одлука на 30-ти септември,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »