речник контакт

Американскиот филм „Аргајл“ премиерно во 3Д киноверзум (видео)

На репертоарот се и српскиот биографски филм за Џеј Рамдановски „Недела“, романтичните комедии „Прекрасна венчавка“, „Само не ти“, рускиот „Слуга 2“

Петар Печков

Седум филмови на репертоарот на 3Д киноверзум Велес во наредните седум дена, до следната среда, од нив еден е премиера.

Премиера оваа седмица има американската акција „Аргајл“.   Ели Конвеј, интровертна шпионска романсиерка која ретко го напушта својот дом, е вовлечена во реалниот свет на шпионажата кога заплетот на нејзините книги малку премногу се приближува до активностите на злобниот подземен синдикат. Кога Ејден, шпион, се појавува за да ја спаси (така тој вели) од киднапирање или убиство (или и двете), Ели и нејзината сакана мачка Алфи се втурнати во таен свет каде што ништо и никој не е како што изгледа.

И оваа седмица се  прикажува српскиот филм „Недела“ биографски за пејачот Џеј Рамадановски.

Романтичната комедија „Прекрасна венчавка“  е исто така премиера. Откако Аби и Тревис се журкаат во Лас Вегас, дознаваат дека се венчани. Тргнуваат во Мексико на меден месец со нивното семејство и со нивните пријатели.

Романтичната комедија „Само не ти“  која се наоѓа високо  по гледаност во светото, е филмска приказна за млад пар Бен и Беа, кој по неверојатниот прв состанок  и привлечноста, брзо се оладува, се додека не се најдат случајно во Австралија. И тоа  на свадба кај пријатели. И го прават она што сите зрели луѓе би го направиле - се преправаат дека се пар.

Руската комедија „Слуга 2“  со српскиот актер Милош Биковиќ  и натаму на репертоарот. Во продолжение на оваа хумористична филмска приказна, публиката ќе има можност да ги проследи комичните и возбудливи настани околу главниот лик Гриша (Милош Биковиќ), млад човек од високата класа кој се најде во улога на слуга од минатиот век,. По патувањето во „минатото“, тој реагира на секоја неправда на арогантната и разгалена Катја (Аглаја Тарасова), која наскоро ќе се најде во друго време и во поинаков општествен статус, што внесува нова линија во оваа филмска приказна.  Катја разгалена девојка, за сите нејзини лудости проаѓа неказнето. Мајката ја штити ќерката, но после се решава да биде построга.

Филмот „Вонка“ кој е меѓу нагледаните во светот и натаму го привлекува вниманието на публиката во Велес.   „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка.

Aнимираниот „Ав,ав, ѕвезда 2: концерт во паркот“.    Кога Боди и неговиот бенд Тру Блу ја напуштаат Снежна планина за да одат на турнеја со поп сезацијата Лил Фокси дознаваат дека славата не е лесна.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »