речник контакт

Анастасија Богдановски ја предводеше македонската олимписка селекција

Момент кој малкумина можат да го доживеат во кариерата. Фото галерија од отворањето на Олимпијадата

Петар Печков

Пливачката  со потекло од Велес Анастасија Богдановски,   беше знаменосецот на Македонија на свеченото отворање на Олимпијадата во Рио, вчеравечер на Маракана. Тоа е сон на секој спортист, а со ова таа влезе во вечноста оти малкумина имаат можност на  бидат први пред останатите членови на селекциите.

За илустрација тенисерите Мареј и Надал ги предводеа селекциите   на   Велика Британија и Шпанија. Македонија со своите  учества на Олимпијадите се води до Кубереновата мисла ,,Важно е да се учествува,, бидејќи резултатите се далеку од тие што носат медала.

Но сепак успех е во кариерата на секој спортист да се најде  во ова одбрано друштво на Олимпијада.   Богдановски ќе плива  квалификации на 8-ми август, понеделник во 18ч. во трката на 200м. слободно.

 Мајката на  Анастасија  Нада Јаричкова   е родум од Велес, а каде  живее и нејзиниот дедо.  Богдановски е втора велешанка  која ќе настапи на Олимпијада.

Во Лондон, учествуваше атлетичарот Кристијан Ефремов. Тој пак го носеше знамето на Македонија на затворањето на игрите 2012-та.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »