речник контакт

Андреј Петровски од Градско со второ место на републичкиот натпревар за библиотекарство

Доби подарок книга и вредносен ваучер како донација од Нептун Македонија

Петар Печков

Андреј Петровски од Градско го освои второто место на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари” кој се одржа во Куманово. Тој беше победник на општинскиот натпревар одржан во Велес и учествуваат ученици од основните училишта. 

На него учествуаа 25 ученика.   Победник на годинашниот натпревар е Ардита Зенку од Кичево, додека третото место и припадна на Анисија Петрушевска од Скопје.

Ментор на Петровски беше Лидија Каратулкова од Градско. Првите три места добија подарок книга и вредносен ваучер како донација од Нептун Македонија.

Републичкиот натпревар беше 23 по ред а догодина ќе се одржи во Кичево.

Фото  ФБ/ Локална библиотека Гоце Делчев

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »