речник контакт

Анестезиологот д-р Ванчов во повтореното судење доби една година затвор, обвинетите д-р Чалков и д-р Москов ослободени од вина

Во Основен суд Велес им се судеше за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, за кривичното дело „тешки дела против здравјето на луѓето“

Петар Печков

И во повтореното судење, анестезиологот Томчо Ванчев е прогласен за виновен а гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов се ослободени од вина.  Ова е одлуката изречена во Основен суд Велес,  со која д-р Ванчев е  прогласен за виновен за „тешки дела против здравјето на луѓето“ и му беше изречена казна затвор од една година и забрана за работа од пет години, при што времето минато во затвор не се пресметува.

Смртта на родилката  Маја Кадиева и нејзиното бебе се случи на 22 октомври во Гевгелиската болница во вечерните часови.  Пресудата  е првостепена и не е правосилна.  Судијката Габриела Гајдова, објасни дека изречената казна од една година е помала од таа од претходното судење, кога на д-р Ванчев му беше изречена казна затвор од четири години, оти обвинителството пред завршни зборови го трансформирало обвинителниот акт,  со кој на обвинетите им се ставаше дека делото го сториле со умисла а најмалата казна е четири години затвор, во обвинителен предлог а делото е сторено од небрежност, со кој запретената казна е од шест месеци до пет години. 

Судијката во триесет минутното  образложение на одлуката кажа дека не е точна перцепцијата на јавноста  „секој смртен случај  на пациентите  е резултат на грешка на лекарот“.

Од изјавите на сведоците и од вештачењето на стручните лица,  недвосмислено се утврди дека д-р Ванчов дошол во алкохолизирана состојба на договорениот царски рез, извршил повеќе од три интубации и се обидел да интубира повеќе од 10  минути и постапил спротивно на протоколите поради што настапила смртта кај Маја Кадиева и новороденото бебе. Од извршената обдукција на Судска медицина утврдено е дека причина за смртта на родилката и нејзиното бебе е задушување,   конкретен прекин на довод на кислород во организмот. Причина што  дошло до нивно  задушување е погрешната интубација, навлегување на тубусот во хранопроводот. Така доктор Ванчов со преземените дејствија извршил грубо кршење на правилата на медицинската наука и довеле до смртен исход - рече судијката Гајдова.  

Во завршниот збор обвинителката Славица Темелковски посочи дека во пред истрага бил направен пропуст  за степенот на алкохолизираност на обвинетиот д-р Ванчов, поради несоодветна постапка.  Гинеколозите д-р Венци Чалков и д-р Томчо Москов, како и во претходното судење, така и овој пат  се ослободени од вина. 

Од вештачењето на стручните лица се утврди дека кај родилката имало поширока индикација за породување со царски рез и д-р Ванчов не згрешил што како термин го закажал 22 октомври, што е спротивно на тврдењето на обвинителството дека царскиот рез е закажан без да постои индикација за тоа.  Не е точно тврдењето на обвинението дека со излегувањето од салата на двајцата гинеколози д-р Ванчов и д-р Москов, била  нарушена кохезивноста на оперативниот тим,  бидејќи според изведените докази,  тоа било сторено откако од страна на анестезиолозите им било кажано дека царскиот рез врз родилката се одлага - образложи Гајдова.  

Пресудата ја слушна оштетениот Димитри Кадиев, сопруг на починатата Маја Кадиев и новороденчето кое било живо родено но по 10-тина минути починало. 

Кармата работи,  вториот анестезиолог Зоран Јовановски кој беше дел од тимто на породувањето,  почина. Почина и лицето, брат  на тогашниот директор на гевгелиската Болница, кој  работеше во гевгелиската полиција и дојде да зема докази, но наместо да земе урина земал крв за докажување на алкохолизираност на обвинетите анестезиолози. Осудениот д-р Ванчов е на хемотерапија и тешко болен - рече Димитри Кадиев.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »