речник контакт

Антарктички остров кој е побогат со биодиверзитет од Галапагос

„Негостопримлива карпа“ на неколку дена пловење од најблиската цивилизација, беше откриена како повредна за морскиот живот отколку островите во архипелагот Галапагос.

Петар Печков

Минатата година нуркачите излегоа со толку многу примероци од морски живот, што тие се уште не знаат колку нашле.

„Негостопримлива карпа“ на неколку дена пловење од најблиската цивилизација, беше откриена како повредна за морскиот живот отколку островите во архипелагот Галапагос.

Јужна Џорџија е последната станица пред бесконечноста на Антарктикот, и е под влијание на природните сили на Јужниот океан. Сепак, под површната на студените води кои го опкружуваат островот, живее поширока лепеза на животиснски свет отколку на Галапагос, кое очигледно е полоша природна средина.

Првите сеопфатни истражување на водите на Јужна Џорџија, морска територија во сопственост на Велика Британија, открија дека и покрај само 600 километри одалеченост од Антарктикот, тука живеат 1445 регистрирани врсти.

Многу од нив не можат да се најдат никаде на друго место во светот, а повеќето од нив се и ретки. Тука спаѓаат риби, морски ежови, морски црви, морски пајаци и ракови. Некои од нив се огромни, како што е сперминиот кит, китот убиец и синиот кит. Повеќе од половината слоновски фоки тука се размножуваат, а Јужна Џорџија е најважното место и за гнездење на кралскиот пингвин.

Затоа што живеат во студена вода, многу од животните споро растат, правејќи го со тоа еко системот прилично ранлив, затоа што по загубите треба многу време за обновување.

Оливер Хог, еден од учесниците во истражувачките тимови на Британскиот антарктички круг (БАС) вели: „Ова покажува дека не е потребно за дом на голем морски живот да е некој тропски остров или да е топол дел од светот. Овие карпи можеби изгледаат негостољубиво и ладно, но ако еднаш зароните под површината од водата, ќе видите дека тие содржат разновиден еко систем. Во смисла на брјност на видови, Јужна Џорџија е најбогатото познато место во Јужниот Океан. Има повеќе документирани видови отколку што има на островите Галапагос, кое се пример за навистина богат свет“.

Скоро 1500 видови се идентификувани во регионот преку анализи на записи создадени во 130-годишното истражување на Антарктикот. Додека некои записи датираат од пред повеќе од еден век, многу видови се дури сега откриени во Јужна Џорџија.

На крајот на минатата година нуркачите истражуваа две области во морето блиску до Јужна Џорџија, и изнесоа толку многу римероци на морски живот што и самите сеуште не знаат колку пронашле. „Изнесоа фантастичен број примероци на кои сеуште работат. Изгледа дека пронајдоа многу видови за кои ниту знаевме дека ги има на Јужна Џорџија“, рече Хог.

За подоцна оваа година, планнирани се уште ронења на јужната страна од островот која е најмалку позната и досега неистражувана област, и многу е можно истражувачите да пронајдат суштества кои се непознати за науката.

Има неколку причини зошто Јужна Џорџија има богат животински свет. Неговата одалеченост и отсуството на мешање од страна на човекот се една, но за главна причина се смета дека е староста на островот и неговата позиција на место богато со храна - и на нови видови - од ладните и топлите води.

Морскиот еколог Хог вели: „Претпоставуваме дека една од причините што е толку богато, е затоа што е ова навистина стар остров. Се одвоил од континенталната маса од Јужна Африка и Антарктикот пред околу 45 милиони години, значи имало доволно време да развие нови видови и навистина разновиден еко систем“.

Информациите кои ги собира БАС тимот, кој е дел од наследството Фонд за Јужна Џорџија и на Дарвиновата иницијатива, ќе бидат искористени како извор со чија помош може да се постигне раширеност и квантитет на живиот свет во регионот. Оваа студија беше објавена од онлајн списанието ПЛоСОН.

Посебно загрижува порастот на температурата на морската вода, за кое причина се климатските промени предизвикани од човекот, и кои можат да имаат катастрофачлен ефект по животот на морското дно.

Во периодот од 1925 до 2006, температурата на морето во регионот порасна за 0,9 степени во јануари, и 2,3 степени во август, мерено на 100 метри во морето непосредно под површината на водата. Загревањето е помалку забележано во подлабоки води.

Јужна Џорџија е во владение на Велика Британија од 1775, кога капетанот Џејмс Кук првпат се исторварил на островот. На кратко беше отсечен од британска контрола од страна на Аргентина за време на војната за Фокландите во 1982. Научниците се меѓу неколкумината кои живеат на островот на кој нема домородечко население.

Морски пајак
Во водите на Антарктикот морските пајаци можат да пораснат прилично поголеми отколку нивните европски роднини. Посебно еден вид, Децолопода аустралис, кој достигнува до 30 сантиметри и може да живее со децении. Се верува дека се хранат со планктони и други суштества кои живеат на морското дно.

Кршлива ѕвезда
Слична и блиска роднина на морската ѕвезда, тие ползат по морското дно во потрага по храна и можат да се спуштаат на длабочина до 2000 метри. Парчиња од нивните краци можат лесно да се скршат, па оттука и го добиле нивното име. Тие јадат и исфрлаат измет од ист отвор.

Ледена риба од Јужна Џорџија
Можат да пораснат до 60 сантиметри и тежина до 2 кг. Воглавно јадат мекотелци и помали риби. Ги има во доволен број за риболовење и со истиот управува владата на Јужна Џорџија.

Сунѓери
На Јужна Џорџија има 81 вид на сунѓери, и три проценти од нив се ексклузивни само за овој остров. Можат да се регенерираат од скршени парчиња и да издвојуваат храна и кислоород од водата која ја пумпаат низ нивните тела.

1800 километри е оддалеченоста од најјужната точка на јужноамериканскиот континет.

1445 видови се регистрирани во водите околу островот.

90 проценти од крзнените фоки живеат во Јужна Џорџија, и се проценува дека ги има околу 8,4 милиони.

Текстот е превземен од Тајмс - Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »