речник контакт

Антидијабетната терапија се дистрибуира а деновиве ќе започна и дистрибуција на глукомерите за лицата со дијабетес

Од Сојузот на дијабетичари бараат воведување на референти цени при набавка на глукомери и ленти

Петар Печков

Откако  министерот за здравство Фатмир Меџити најави преку фејсбук, дека е решен наследениот проблем со лицата со дијабетес, за  инсулинска игла, апаратчиња за мерење шеќер, ленти, од Сојузот на  Здружението на  дијабетичари (СЗД) очекуваат дека процесот на дистрибуција  ќе потрае околу две седмици бидејќи има 44 илјади пациенти   на инсулин терапија.

„Проблемите со антидијабетната терапија се разрешени, таа се дистрибуира до лицата до дијабетес. Неделава треба да започне дистрибуцијата на глукомерите, иглите, што е сериозна обврска треба да се распределат на 44 илјади пациенти.  Можеби ќе трае и повеќе од две седмици.  Од септември ја очекуваме и дистрибуцијата за сензори за децата со дијабетес, па така ние повеќе нема да се боцкаат со игли и доживуваат трауми“ - рече Димче Велев претседател на СЗД .

За Здружението приоритет е решавањето на состојба со немањето на потребната  антиинсулинска терапија, која 136 илјади лица со дијабетес во Македонија,  остави осум месеци без неа. Тие предлагаат  тоа да се реши по примерот на  Словенија, Хрватска,  каде се работи на друг принцип,  се со цел пациенти никогаш да не останат  без терапија.  

„Разговараме со Министерот и со Фондот за здравство за воведување на референти цени при набавка на  глукомери и ленти, за различен начин на нивно добивање од досегашниот. Со тоа што го нудиме е никогаш да нема или постојано да има. Тоа е со рецепт или потврда да одиме од аптека и ги подигаме тие лекови и помагала  кој државата ги пропишала“ - вели Велев.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата година ново дијагностицирани со дијабетес  во земјава  биле 7.460 пациенти.  сензори за децата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »