речник контакт

Антиќ со два амура капиталци, заедно преку 50 кг

Уловени две парчиња на езеро Младост од 27 и 24 кг.

Петар Печков

На велешките рибарски приказни им нема крај.  И тоа вистинити. Овој пат повторно е улов на  амур, ама две парчиња и тоа за само кратко време, за еден  час и двата капиталци. Овој пат мајсторот е Димитрије Антиќ, кој ги улови неодамна, при крајот на минатиот месец, на езерото Младост. 

Едното парче амур  беше тешко 27 кга а второто 24 кг. Ги фатив  на царевка и тоа за кратко време за еден час двете риби. Ги извадив  за само 15-тина минути и тоа пред публика – вели Димитрије, кој е страстен риболовец и еден од поумешните рибари во Велес.

Иако двете парчиња амур тежеле повеќе од 50 кг. рибата бргу завршила, што во тавче, што кај пријатели. Амурот летово беше актуелен во велешко. Прво уловен во Вардар кај Градско, што е реткост таа да биде во река а потоа и на езеро уловен  капиталец од 27 кг.

Амурот според рибарите го има во Македонија само на велешко езеро, кое било порибено во 80-тите години. Потоа е можно да заскита некое парче при порибувањето со друг вид на риба, но опстојува во оваа акумулација, оти му одговара температурата, но не може да се мрести по природен пат.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »