речник контакт

Антонио Негриовски од Ореше на 11 годишна возраст го фати крстот на Водици (фото)

Кој го фати крстот на Водици во Чашка, Градско, Извор, Богомила, Согле, Теово..

Петар Печков

Негриовски Антонио од Ореше е најмладиот фаќач на крстот. Тој денес на Водици беше најумешен од  седумте деца од село Ореше кои  од Орешка река го фаќаа крстот.  Антонио има 11 години.

Најсреќните скокачи по Светиот крст низ населените места во  Општина Чашка оваа година се: Славче Димитриевски во населба Чашка, Стефан Славевски во Извор, Стефан Илиевски во Богомила, Филип Димовски во Согле и Димче Костадиновски во Теово. Верниците добија скромни подароци од Општина Чашка и Градоначалникот Горан Стојановски.

Даниел Илиќ од Градско го фати крстот кој денес беше фрлен од мостот на река Вардар кај Уланци. Илиќ доби подароци од Општина Градско и градоначалникот Киро Нацков, Повардарска Епархија на МПЦ-ОА и неколку спонзори.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »