речник контакт

Апасиев - Левица се залага за оданочување на капиталот, не на трудот, за социјална правда и за бесплатно здравство

Партијата помошта институционално ќе ја дава на ранливите категории, на лицата со посебни потреби

Петар Печков

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев и носителот на листата за Изборна единица „3“ Борис Крмов,  денес беа во Велес, имаа теренски активности, средби со граѓаните а на пладне дадоа и изјави за медиумите.

Лидерот Апасиев најави дека нивна основна заложба е прогресивната даночна  реформа, најави бесплатно здравство за сите.

Сакам да ги охрабрам моите сограѓани, како велешанец, да  не веруваат во пропагандата дека  гласот даден  за „Левица“ е пропаднат глас. Програма што ја нудиме е радикална, бидејќи сметаме дека  благите реформи не се доволни, или тоа е вакцина за едно болно општество., кое е пред умирање. Тие радикални реформи се во економската и правната област, кои се моторот на државата Имаме реформи во данокот за луксуз за богатите, кој што е  драстично прогресивен, наместо рамните даноци кои  ги нудат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ . Нашата економска програма е насочена кон работничката класа. Тука не се само работниците кои работат мануелен труд,  тука се интелектуалците, лекарите, адвокатите, професорите и учителите. Предвидуваме оданочување на капиталот, не на трудот како што е сега.   Со нашата програма предвидуваме да се плаќа многу повеќе, со цел да има правилна редистрибуција на богатството . Ние сме земја која е на врвот во Европа по класна раслоеност, богатите стануваат побогати, сиромашните посиромашни и ја снемува средната класа, која е столб на секое здраво општество - порача лидерот Апасиев.  

На јавноста се обрати Борис Крмов, кој посебно говореше за помошта што како партија, институционално ќе ја даваат на ранливите категории, на  лицата со посебни потреби.

Оваа категорија граѓани се занемарени. Семејствата кои имаа лица со посебни потреби заедно со нив, ја живеат таа Голгота.   Ние како партија во програмата нудиме на родителите или старателите   на лицата со посебни потреби да добијат пензија со 20 годишен стаж, без разлика на возраста.  Потоа планираме вработување на персонални асистенти во секое семејство кое има лице со посебни потреби,  кои финансиски ќе бидат покрени од Министерството за труд и социјална политика.  Тие семејства кои имаат лица со посебни потреби да имаат предимство при добивањето на социјални станови. Имаме посебна ставка за изградба на социјални станови и план  за формирање на национален фонд за кризи - порача Крмов.

Потсетија дека бројот на гласачкото ливче на политичката партија „Левица“ е  „4“.      

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »