речник контакт

Апелација потврди, 20 години затвор за кавадарчанецот кој со нож уби сограѓанин

Починатиот влегол во расправијата да ги смири скараните, кои се расправале за дете, а добил нож во срце

Петар Печков

Кавадарчанецот Сафет Хамза (47 год) доби 20 години затвор за убиството на Зулфи Паша (57 год)исто така oд Кавадарци. Оваа пресуда на Основен суд Кавадарци, ја потврди Апелација Скопје и таа е правосилна.

Убиството со умисла се случи на 16 ноември 2021 година, во два часот по полноќ, во Кавадарци во „Брушарско маало“ по расправија за старателство над дете. 

Според обвинението   Хамза  го лишил  од живот  Зулфи, нанесувајќи му два убоди со нож во пределот на градите. Настанот се случил, при меѓусебна тепачка на обвинетиот со трето лице, во дворот на куќа на улицата „Методија Џунов Џикот“ во Кавадарци. 

Зулфи се обидел да ги раздвои, меѓутоа, Хамза му нанел повреда со ножот во срцето, па оштетениот починал на пат кон болница. Жалбата на обвинетиот била поради тоа што на ножот, со кој е извршено убиството, не биле пронајдени негови  ДНК траги, туку на други лица. 

Судот се повика на двајца сведоци кои јасно и недвосмислено кажале, дека виделе како обвинетиот со нож го прободел Паша.

Како отежителна околност на Хамза судот го зел тоа што имал пресуди за други сторени кривични дела и дека по настанот  побегал за Радовиш, каде бил пронајден два дена подоцна, по стореното убиство.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »