речник контакт

Апелација потврди, советниците треба да добијат пари за тужбата од 2008-та

Дванаесет советници од претходниот состав општината треба да им се плати 140 илјади денари, плус камата за четири години

Петар Печков

Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд во Велес со која општината треба да им плати на дел од советниците неисплатени пари за присуство на седница.  Така дванаесетмина советници од претходниот состав,  ја добија правната битка со локалната власт на општина Велес па таа ќе треба да им исплати   вкупно 140 илјади денари, плус камата за изминатите четири години.

Тие ја тужеа општина Велес, бидејќи не им исплатила надоместок за седница од 11 јули 2008-та година. Таа е започната, но не и завршена, па иако тие присуствувале, општината решила да на им го исплатува надоместокот. Советниците затоа пак сметале дека тие биле присутни а што седницата не завршила не е нивна вина, па поднеле тужба.

Седницата за која советниците си ги бараа парите е таа на која се побара смена на тогашниот претседавача Трајко Бабунски, која започна,  се прекина, се одложуваше и не заврши.

Оваа тужба  ја поднесоа тогашните советници Атанас Василев, Оливер Гашев, Валентина Делиманчева Андреева, Данчо Стојанов, Трајко Бабунски, Саит Јакупи, Стојна Трајковска, Деjан Гавазов, Весна Стојановска Богоевска, Ефтимија  Карбева Лукарева, Весна Џајкова и Зоран Ѓуровски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »