речник контакт

Апелација потврди затвор за Зоран Тодоровски за братоубиство

Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд во Велес од 13 години затвор за велешанецот Зоран Тодоровски (25год) бидејќи кон крајот на минатата година по меѓусебна расправија го уби брата си Ане Тодоровски ( 35 год).

Петар Печков

Апелација ја потврди пресудата на Основниот суд во Велес од  13 години затвор за велешанецот Зоран Тодоровски (25год) бидејќи кон крајот на минатата година по меѓусебна расправија го уби брата си Ане Тодоровски ( 35 год). Зоран е виновен бидејќи убиството го сторил со умисла а како олеснителна околност е земена во предвид неговата младост. Во завршниот збор обвинетиот изјави дека се кае и многу ми е жал за стореното дело

- Иако со брат ми не живеевме повеќе години, не значи дека нe го сакам. Се каам за тоа што го сторив, во притвор четири пати се обидов да се самоубијам бидејќи многу ми е жал за братот – изјави тогаш Зоран Тодоровски.  Причина за расправијата по која Зоран со три убоди од нож го усмртил брата си биле  нарушените односи од поодамна поради тоа што Зоран украл злато во вредност од 500 евра од Ане.

Сведок на смртта на татка си  бил синот Виктор кој и денес ги чувстувал последиците од овој миг, поради што го носеле на психијатар. Психијатриското вештачење покажало дека во моментот на чинот Зоран Тодоровски бил целосно пресметлив и свесен за последиците Пред две година во друг случај Левко Картинов доби 15 години затвор за убиството на својот брат Драган и за обид за убиство на снаата Виолета, исто така поради нарушени семејни односи.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »