речник контакт

Апелација ја одби тужбата на зелените, тие не се разочаруваат и се жалат пред Врховен

Граѓанскиот сектор заедно со локалните власти ја тужеа државата, сметајќи дека е одговорна за три децениското загадување од Топилницата поради што таа ќе мора да изврши отстранување на депонијата со згура и чистење на велешката почва од тешките метали.

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје ја отфрли жабата на Зелената коалиција и Општина Велес со која тие ја тужеа државата. Граѓанскиот сектор заедно со локалните власти ја тужеа државата, сметајќи дека е одговорна за три децениското загадување од Топилницата поради што таа ќе мора да изврши отстранување на депонијата со згура и чистење на велешката почва од тешките метали.  Ова нивно барање е отфрлено.

Од Зелената коалиција, која се уште не ја добила писмената одлука на Апелација само кратко најавија дека тие ќе одат натаму и ќе поднесат жалба до Врховниот суд на Македонија, иако оваа пресуда била разочарувачка, тие нема да бидат обесхрабрени, правдата за здравјето на велешани да го бараат  до највисоката судска инстанца во земјава а потоа и надвор од неа, реагираат  велешките зелени.  

Со пресудата а во согласност  со   Законот за управување  со отпад,   отфрлено е  барањето депонијата на  згурата тешка   1,7 милиони тони  да се дислоцира, оти  државата  во два наврати преку Министерството за животна средина на јавен тендер барала инвеститор кој истата ќе ја користи или дислоцира за нивна натамошна употреба. Пресудата е заснована и на Законот  за животна средина, кој бил усогласен со Европските,  и предвидува  загадувачот да е одговорен за сторената шета и тој да ја плаќа сторената штета а МХК Злетово не работи и  е во стечај  од 2003-та година.

Овој судски спор се води од 2005-та година и е прв каде општината и граѓанскиот сектор  ја тужат државата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »