речник контакт

Апелација ја потврди казната затвор за пуштање на порно клип преку интернет

Апелациониот суд ја потврди затворската казна од 18 месеци за велешанецот Јованче Бојаџиев ( 40 год) бидејќи преку интернет дистрибуирал порнографија со малолетничка.

Петар Печков

Тој  беше осуден во Основниот суд во Велес,  бидејќи со видео камера се снимал додека имал сексуален однос со малолетна девојката и нејзината постара сестра, за да истиот клип во 2008-та година биде пуштен во јавноста.  Летото таа година овој клип беше вистински хит меѓу велешани а девојките по излегувањето на снимката во јавноста, останале и без работа, биле напуштени.

Обвинетиот  се бранел дека во 2007-та година мобилниот му бил украден од непознат сторител, кој потоа го пронашол и го пуштил во јавноста клипот. Но и покрај ваквата одбрана тој  не можел да докаже дека тогаш му бил украден мобилниот, туку во полиција грабежот на апаратот го пријавил  две години подоцна, во 2009-тата година.

Поради ова судот го прогласи за виновен и му изрече казна затвор од 18 месеци, што е прва изречена во Македонија за ширење на малолетничка порнографија преку интернет. Обвинетиот веќе поднел барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд. Оштетените сестри пак најавиле тужба за материјално обештетување во висина од  повеќе десетина илјади евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »