речник контакт

Апелација ја потврди пресудата за таткото и синот Нацеви за киднапирање на Опашот

Тие добија по девет години затвор

Петар Печков

 Апелација ја отфрли жалбата на обвинетите, таткото и синот Петар и Борис Нацеви кои беа осудени на по девет години затвор заради  киднапирање на Ангел Стојанов Опашот.   Така пресудата на Основниот суд во Велес е правосилна. Обвинетите беа осудени за делото грабнување, кое го сториле за Стојанов  да не стори нови кривични дела.

Петар и Борис беа  прогласени за виновни откако во нивното возило е пронајдена крв чии ДНК траги се совпаѓаат со тие на исчезнатиот, нивните изјави кои се контрадикторни, како меѓу себе татко и син,  така и со сведоците, со доказите, но  и со тоа што го кажале во истрага и пред судот. Алибито на синот Борис дека во терминот до 19 до 23 часот бил со сведок е отфрлено, оти според листата на повици во овој период тие меѓусебно во неколку наврати разговарале, што ја отвора дилемата зошто разговарале ако биле заедно.

Судот утврдил дека таткото измислува непостоечко лице  Јулијан кое наводно го извршило грабнувањето, а според МВР никогаш ја нема минато македонско- грчката граница,  исто како и  автомобилот со кој тој наводно дошол во земјава. За мајката на Ангел Весна Стојанова, Петар и Борис се убијци и тие треба да добијат доживотен затвор но и да кажат каде  е телото на нивниот син. 

За  одбраната казната е превисока и тие сметаат дека синот Борис е невин, додека таткото Петар го сторил во афект а главниот сторител не се тие двајцата. Според обвинението на 7-ми март  минатата година на паркингот пред маркетот Туш  околу 19 часот таткото и син Петар и Борис Нацеви го сретнале Ангел Стојанов викан Опашот го претепале, откако тој се заканувал да стори нови кривични дела против нив и нивниот имот.

Полицијата има и поднесено кривична пријава  за опожарување на автомобилот на Нацеви од страна ан Стојанов, но процесот  не започна до критичниот ден. Стојанов откако бил претепан со мотки ,бил ставен во багажникот од автомобилот на Нацеви. Потоа го однеле кај вливот на Бабуна во Вардар по што е оставен на непознато место. До ден денес, неговото  тело не е пронајдено.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »