речник контакт

Аплеција реши 13 години затвор за убиство на татко му

Апелациониот суд од Скопје ја потврди казната затвор од 13 години за Роберт Николовски од велешкото село Иванковци кој на 12-ти декември минатата години го уби татка си.

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје ја потврди казната затвор од 13 години за Роберт Николовски од велешкото село Иванковци кој на 12-ти декември минатата години го уби татка си. Тој вечерта по расправија со татко му Добре, бидејќи се вратил доцна од кафеана, со два убоди со остар предмет во срце го усмртил старецот.

Ова Роберт до детали го раскажал при психијатриското вештачење, додека во судницата го негираше делото. Тој објасни дека пред психијатрите го признал убиството и начинот на кој го извршил, бидејќи тие му ветиле дека ќе биде ослободен ако признае. Неговиот бранител сметаше дека во доказната постапка со ништо не е потврдено дека Роберт е сторител на делото бидејќи немало мотив, не е пронајдено оружјето, ниту има сведоци. Според обвинението убиството се случило во неодреден час и време во родната куќата на Николовски. Следните два дена Роерт одел по селото ги прашувал соселаните дали го виделе таткому и каде е тој. Дури и со мотор почнал да ја пребарува околината на Иванковци за да го најде таткому Добре, изразувал загриженост да не му се случило нешто лошо, со што сакал да си обезбеди алиби.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »