речник контакт

Апликацијата ,,Мој воздух,, не ги мери ПМ 10 честичките

Воздухот во Велес е загаден ама нема апаратура да покаже дека е така

Петар Печков

Воздухот во Велес не е така чист како што покажуваат вредностите на апликацијата ,,Mој воздух,,. За ова предупредуваат од Општина Велес, откако неколку дена мерните инструменти на Министерството за животна средина од ,,Велес  2,, на работат.   

Надлежните од локалната власт ја предупредуваат јавноста во градот, да не се  залажуваат со вредностите кои се покажуваат на одредена веб страница, и кои се  споделуваат, а според  кои воздухот во Велес е идеален и незагаден. 

Општина Велес им укажува на сите заинтересирани граѓани, медиуми и други интересни групи кои го следат квалитетот на воздухот преку веб апликацијата Мој воздух, дека на правата страна на апликацијата секогаш се појавува AQI – Air Quality Index кој претставува сума на СИТЕ ИЗМЕРЕНИ ВРЕДНОСТИ на сензорите на една станица. Во овие денови вредностите се многу добри, но не треба да се занемари фактот дека ПМ10 не се мери и не влегува во AQI. Затоа, кога ќе дојдете до податок дека AQI е добар до одличен овие денови, не заборавајте дека суспендираните честички не се мерат - предупредуваат од Општина Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »