речник контакт

Арктикот и топењето на мразот

Топењето на мразот на Арктикот има големо влијание врз емисијата на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина

Петар Печков

Белиот мраз рефлектира повеќе сончева светлина отколку водената површина и делува како чадор за сонце.

Топењето на белиот арктички мраз, кој во моментов е на најниско ниво во поновата историја, предизвикува поголема апсорпција на сонќевите зраци.

Проф. Питер Вадамс пресметал дека оваа апсорпција на сончеви зраци има ефект „еднаков на околу 20 години на дополнителен јаглерод диоксид што го создава човекот“.

Експертот од Универзитетот во Кембриџ вели дека арктичката ледена капа „оди кон заборав“.

Во 1980 година, арктичкиот мраз преку лето покривал само околу 2 отсто од површината на земјата. Но, оттогаш мразот во таа област се преполови.

- Пред триесет години имаше околу 8 милиони квадратни километри мраз, кој остануваше на Арктикот преку лето, а до 2007 тој се преполови, се намали за четири милони, а годинава падна и под тоа ниво, вели Вадамс.

И волуменот на мразот опадна, а мразот стана потенок.

- Волуменот на мразот во лето е само една четвртина од она што беше пред 30 години, а тоа е само вовед во овој конечен колапс, вели професорот Вадамс.

Делови од Арктичкиот Океан се сега топли колку што е топло Северното Море во зима, вели Вадамс.

Апсорбирана радијација

Поларната капа од мраз делува како огромен чадор за сонце, кој ја рефлектира сончевата светлина назад во атмосферата, а ова е поознато како „албедо ефект“.

Но, белиот мраз и снегот рефлектираат далеку повеќе од сончевата енергија отколку отворената вода која ја заменува таа улога додека мразот се топи.

Наместо да се рефлектира подалеку од Земјата, таа енергија се апсорбира и придонесува во глобалното затоплување.

- Над тој еден отсто од површината на Земјата, се менува светлата површина која ја рефлектира речиси сета радијација која паѓа врз Земјата, со темна површина која апсорбира речиси се. Разликата, односно дополнителната радијација е, според нашите пресметки, еднаква на околу 20 години дополнителњн јаглерод диоксид што го создава човекот, вели Вадамс.

Ако неговите пресметки се точни, тогаш тоа значи дека во текот на последните децении топењето на арктичката ледена капа придонесе  исто онолку топлина во системот како и сиот оној јаглерод диоксид што сме го создале за истото тоа време.

И ако мразот продолжи да се намалува според сегашната динамика, тоа ќе игра дури и поголема улога отколку гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклената градина.

Ефекти врз климата во Велика Британија

Професорот Вадамс истакнува дека постојат некои неизвесности - облакот кој е надвиснат над Арктикот може да помогне и да рефлектира назад дел од сончевата радијација.

Но, тогаш еден друг гас од стаклената градина - метанот, кој сега е заробен во арктичкиот пермафрост (постојано замрзнатата земја) - може да биде ослободен со загревање и уште повеќе да ја влоши ситуацијата.

Топењето на мразот може да има нокаут ефект врз Велика Британија. Адам Скајф, од центарот „Мет Офис Хедли“ изјави дека со тоа може да се објасни годинешново мизерно лето, со менување на патот на воздушните струи.

- Некои истражувања покажуваат дека додека мразот се топи, има зголемен ризик од влага, од лета со низок притисок над Велика Британија.

Ова може да има влијание и врз нашите зими. - Како што се топи мразот, зимите може да станат постудени и снежни, вели Скајф.

Мислењата варираат од денот на мерењето на висината на мразот преку лето. Од „Мет Офис“ велат дека не се очекува Арктикот целосно да се ослободи од мразот преку лето, барем не до 2030.

текстот е преземен од  Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »