речник контакт

Армијата се вклучува со помош на здравствените институциите во борбата со ковид-19

Армијата дел од силите и средствата ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на здравствените институции

Петар Печков

Армијата се вклучува во помош на здравствените установи во справување со корона кризата.  Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, и нареди на армијата дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на здравствените институции при справување со последиците од пандемијата на ковид-19.

Армијата ќе помага  за обезбедување на магацински простор за складирање на заштитни и медицински средства и опрема, поставување на шатори и друг вид на сместувачки капацитети наменети за лекување на заболени лица, како и за дезинфекција на простории и површини. Армијата ќе ангажира сили и средства за медицинска поддршка на работата на здравствените установи и центри на Министерството за здравство, транспорт на заштитни и медицински средства и опрема -  велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

За спроведување на овие задачи, Генералштабот на Армијата е должен да ги подготви за ангажирање медицинските, силите за транспорт и силите за АБХО на Армијата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »