речник контакт

Арсовска 17-та на ЕП во карате за младински категории

Арсовска, Алексовска и Гашева екипно го зазедоа 11-тотo место а Бановски беше 29-ти

Петар Печков

Мартина Арсовска како 17-та од 31 учесник  во кати јуниорки поединечно, обезбеди најдобар пласман од велешките каратисти кои учествуваа на 47-то Европско првенство во карате за младински категории кое се одржа во Будимпешта -Унгарија.

Екипно таа заедно со Андреа Алексовска и Теа Гашева во кати јуниорки го зазедоа  11-то место од 13 репрезентации. 

На ЕП учествуваше и   Георги Бановски кој го освои  29-то место  од 31 учесник во кати мажи У-21.  Сите четворица се членови на КК Гладијатор од Велес.

Hа првенството судеше и Боби Војдиновски. 

Македонија учестување со 34 натпреварувачи и освои две бронзени медали  Бојан Костов -бронза во јуниори кумите до 55кг. и Роберто Ацковски во кумите до 67 У-21. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »