речник контакт

Арсовска петта во група на ЕП во кaрате во Шпанија, но не мина во следнатa фаза

Алексовска и Гашева не отпатуваа бидејќи федерацијата не ги сносеше трошоците за престој и пат. Порази за кошаркарите, победа и пораз за велешките ракометни екипи

Петар Печков

Велешанката Мартина Арсовска која учествуваше на ЕП во карате во Гвадалахара во Шпанија, учеството го заврши по првиот елиминационен круг. Таа се натпреврувaше во кати и беше во групата четири, со седум учеснички . Арсовска беше петта со што не продолжи натаму. За јачинатa на групатa во која се најде велешанкaта, илустрација е што Французинкaта Таили освои сребро  а трета и бронзен медал освои турчинката Божан. 

На првенството требаше да учествува и ката тимот на Македонија, во состав, Арсовска  со двете велешанки  Александра Алексовска  и Теа Гашева. Но откако карате федерациајта побара учесничките сами да ги платат патот и престојот, Гашева и Алексовска не отпатуваа а се најдоа средства само за Мартина.

Во 20 коло од Втората лига кошаркарите на КК Борец баскат загубија дома уверливо со Борец од штипски  Соколи 1933 кој е второпласиран со    64:82.Велешан остануваат 10-ти без можност ниту да напредуваат, ниту да паднат место пониско. Во следното претпоследно коло играат со МКК Куманово  кој е на делба на петтото место.

Во разигрувањето за опстанок во Првата лига ракомет, победа и пораз за велешките екипи во првото коло од оваа фаза. Победа од 27:26 (13:10) за РК Бисинов, додека ГРК Борец загуби во Свети Николе од РК Овче Поле  о 39:16 (18:6). Бодовите од претходната фаза се пренесуваат и во ова разигрување за опстанок. Така РК Бисинов има девет и се наоѓа во групата од четири екипи, додека ГРК Борец е последен без бодови. Во следното коло, недела 2 април од 17ч.   се игра градското дерби ГРК Борец- РК Бисинов.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »