речник контакт

Архитектот Митровиќ добитник на наградата Андреја Дамјанов за животно дело

Меѓу неговите дела се Евротелот во Струга и Три бисери во Скопје

Петар Печков

Aрхитектот Миодраг Митровиќ е годинашен добитник на наградата „Андреја Дамјанов“, која Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ја доделува за животно дело и особени достигнувања во областа на архитектурата и градителството.

Заблагодарувајќи се за наградата, архитект Миодраг Митровиќ на свеченоста при добивањето на статуетката  порача дека е чест да се биде во ова друштво на наградени архитекти.

Голема чест е да се стане член на Архитектонската Академија, да се придружиш на архитектите што го одбележаа градителството во државата и во ова добро друштво да ја продолжиш мисијата – архитект - кажа Митровиќ. Се заблагодари и на сегашните членови на Архитектонската Академија, велејќи дека дел од нив му биле професори, а дел постари колеги кои несебично го прифатиле и упатиле на првите проектантски чекори.

Митровиќ е роден во 1948 во Вршац, Србија, а дипломирал на Архитектонскоградежниот факултет во Скопје (1973). Се занимава со архитектонско проектирање. Посебно внимание посветил на станбената проблематика и реализирал повеќе станбени комплекси, станбени згради и индивидуални куќи. Негови позначајни реализации се: „Еуротел“ во Струга (1981), станбени кули „Три бисери“ во Скопје (1982), станбен блок на булевар Партизански одреди во Скопје (1986), Вила „Марко“ во Скопје (1995).

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »