речник контакт

Аспирантот за враќање во Втора лига ФК Борец загуби дома во дербито од лидерот ФК Големо Коњари

Фудбалерките на ЖФК Борец загубија од последно пласираната екипа, која досега немаше ниту бод. Резултати од трето коло и табела на ОФС Велес

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец во дербито на колото дома се посрамотија. Загубија од ФК Големо Коњари со 1:3 (0:2) и ги намалија шансите за врвот и враќање во Втората лига.   ФК  Превалец  на гостувањето во Прилеп кај  претпоследно пласираниот ФК Ултрас победи со 2:7 (0:2). ФК Локомотива во Градско одигра 1:1 (1:0) со соседот на табелата кој има ист број бодови. По ова седмо коло лидер останува ФК Големо Коњари, ФК Превалец е  втор со бод помалку, со 14, ФК Борец е  4-ти со 11 а ФК Локомотива е 9-та со 7 бода од 11 екипи. Во следното коло , општинско дерби ФК Превалец и ФК Локомотива  а ФК Борец  гостува во прилепско Кривогаштани на ФК Младост, која е 6 со 10 бода.

Фудбалерките на ЖФК Борец загубија и тоа уверливо со 4:0 од последно пласираната екипа на табелата ФК Порече во Втората лига, која досега немаше ниту бод. Велешанки се претпоследни со 4 бода, освоени во првите две кола а потоа бележат се порази а некои и со двоцифрен резултат. Ова беше последно коло од есенскиот дел.

Се одигра третото коло од Општинската фудбалска лига Велес

ФК ТОПОЛКА - ФК ФОРЦА НОВА  0:0
ФК ИЛИНДЕН -  ФК ЧАШКА            2:0
ФК ГОРСКИ -  ФК МЛАДОСТ           0:0
ФК МАРТОЛЦИ - ФК СОГЛЕ            2:3
ФК БОГОМИЛА - ФК БАШКИМИ   1:2

Екипата на ФК БАБУНА беше слободна   
 1    ИЛИНДЕН       3    3    0    0    7/1    9
 2    БАШКИМИ       3    3    0    0    6/2    9
 3    БАБУНА           2    2    0    0    7/2    6
 4    СОГЛЕ            3    2    0    1    4/4    6
 5    МЛАДОСТ       3    1    1    1    3/4    4
 6    ЧАШКА           3    1    0    2    7/7    3
 7    БОГОМИЛА     2    0    1    1    4/5    1
 8    ГОРСКИ          3    0    1    2    1/3    1
 9    ФОРЦА НОВА   2    0    1    1    1/3    1
 10    МАРТОЛЦИ     3    0    1    2    5/8    1
 11    ТОПОЛКА       3    0    1    2    2/8    1

Во следното коло играат:
ФК Согле - ФК Богомила
ФК Младост - ФК Мартолци
 ФК Чашка - ФК Горски
 ФК Бабуна - ФК Тополка
ФК Форца нова - ФК Илинден
слободна е екипата на ФК Башкими

резултати и табелата се обезбедени со помош на ФК Горски  

 фото ФБ /ФК Превалец

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »