речник контакт

Асфалтиран е патот до Бузалково

Тој е во должина од 10 км и чини 667 илјади евра. Останатите два големи инвестициски проекти на локалната власт, асфалтирање на пат до Иванковци и изградба на водовод кон езерото Младост, и натаму чекаат

Петар Печков


Заврши реконструкцијата на патот до селото Бузалково. Тој е  асфалтиран  во должина од 10км и проширен е за половина метар. Оваа градежна активност на општина Велес е со средства заем од Светската банка кој е подигнат од Владата и чини 667 илјади евра.Тој е реализран преку Агенцијата за државни патишта.  Со него две илјади жители се поврзани со  пат до Велес.  Со овој патен правец покрај селото Бузалково, поврзано е и селото Раштани, а  се реши и проблемот со сообраќајница до новите градски гробишта на Велес.

Изградбата на патот  од Јазла до Иванковци, преку Мамутчево   кој беше најавен дека ќе почне да се гради есенва е одложен за следната пролет.  Тука треба да се асфалтираат 10 км делница. Така освен помалите села  `Рлевци, Сливник и Слп, сите  се поврзани со асфалтни патишта. Се уште не е стартувана изградбата на водоводната мрежа кон езеро Младост, иако Светската банка го одобри новиот проект, кое е ревидиран во однос на претходниот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »