речник контакт

Асфалтиран приодниот пат до Горно Оризари кај Порцеланка

Уште еден приод кон населбата, освен постојниот кај Свилара. Вредноста на работите е 2.85 милион денари a должината на патот е еден км.

Петар Печков

Жителите на Горно Оризари добија уште еден приоден пат до населбата. освен постојниот од кај Свилара, тие може да го користат и новиот од кај Порцеланка. Тој е во должина од еден километар и неговото асфалтирање заврши пред некој ден.

Вредноста на работите  е 2.85 милион денари од кои 1.64 милион денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, а остатокот од  1,21 милион денари од Општина Велес.

„Претходно со средства од Владата и Општина Велес се изведе делница на патот од  400 метри во вредност од 2,2 милиони денари, а сега 540 метри или 2821 м2 асфалтен слој.  Вториот дел од патот е финансиран  од  Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и Општина Велес за реализација на проектот  „Изградба на пристапен пат до село Горно Оризари“- соопштија oд општина Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »