речник контакт

Ауди - Ланчиа, филмот со многу адреналин и трки, премиерно пред велешани (видео)

Премиера има и јапонски цртан филм, а се прикажуваат и Мадам Веб, Аргајл со Дуо Липа, Недела...

Петар Печков

Осум филмови  наредните седум дена се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес, од нив два се примерни.

Трка за слава: Ауди против Ланчиа е првата премиера- италијанско- британска копродукција инспириран од вистински настани. Audi и Lancia ги запалуваат рели патеките во жестока битка за превласт,кој е подобар. Релито е како војна а возачот како командант.

Јапонскиот цртан филм  Танџиро се бори со своите внатрешни демони и надворешни непријатели под строго водство на Стоун Хашира Химеџима, се за да стане Хашира.

Американскиот филм Дакота Џонсон е филм базиран на стриповите на Марвел, со супер херои. „Дакота Џонсон“ е Мадам Веби која ја гледа иднината. Касандра Веб е болничарка од Њујорк, која почнува да покажува знаци на видовитост. Принудена да се соочи со откритијата за нејзиното минато, таа мора да заштити три млади жени од мистериозен противник кој  ја сака нивна смрт.

Aмериканската акција „Аргајл“.   Ели Конвеј, интровертна шпионска романсиерка која ретко го напушта својот дом, е вовлечена во реалниот свет на шпионажата кога заплетот на нејзините книги малку премногу се приближува до активностите на злобниот подземен синдикат. Кога Ејден, шпион, се појавува за да ја спаси (така тој вели) од киднапирање или убиство (или и двете), Ели и нејзината сакана мачка Алфи се втурнати во таен свет каде што ништо и никој не е како што изгледа.

И оваа седмица се  прикажува српскиот филм „Недела“ биографски за пејачот Џеј Рамадановски.

Американскиот филм акција,  авантура и фантазија „Аквамен и изгубеното кралство“ и натаму пред кино публиката во Велес. Аквамен ги балансира своите должности како крал и како член на Лигата на правдата, сето тоа додека планира свадба. Блек Манта е во потрага по атлантска технологија за да помогне во обновата на неговиот оклоп. Орм планира да избега од неговиот затвор во Атлантида.

„Големата авантура на мачката РУ“  е француски филм.  Ру е живо и љубопитно маче кое го открива животот на покривите на Париз. Неговата судбина се менува кога десетгодишното девојче Клеманс го посвојува и го носи во нејзината куќа, во срцето на планините. Тоа е почеток на неверојатна авантура за Клеменс и Ру кои растат заедно и го преминуваат патот кон мистериозната Медлин, живеејќи една прекрасна приказна која ќе ги промени засекогаш.   


Анимираниот филм од студиото на Дизни, бајката „Желба“ повторно  пред велешани.  Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »