речник контакт

Аудио - визуелна изложба „Вита“ на Филип Петковски

Фотографии на жени во народни носии денес но и стари фотографии, повеќе од стотина години

Петар Печков

Во фоајето на велешки театар, беше отворена изложба на фотографии на мултимедијалниот уметник Филип Петковски од Скопје. Тој понуди фотографии на жени во народни носии но и стари фотографии, повеќе од стотина  години, каде се зачувано македонското фолклорно наследство. Пред велешани и гостите на Фестивалот на античка драма „Стоби“ авторот се преставува со аудио-визуелна изложба наслоена „Вита“ (живот).

“Обработувам тема, објективизиција на женското тело., преку црно-бели фотографии од крајот на 19-ти и почеток на 20-и век. Овие жени биле фотографирани поради носиите кои ги носат.   Но никој не прашал кои се, какви животи имале, како се викаат.  На фотографиите има неодредена емоцијa“ - кажа авторот Петковски.

Затоа земал осум женски модели, актерки, танчерки,  со кои авторот снимил нови фотографии,  каде тие ги оживуваат   фотографиите, со повеќе емоции. Изложбата е дел од придружната програма на Фестивалот.

Петковски е од Скопје,  режисер, кореограф, пред некој месец докторирал на Универзитетот УКЛА Во Лос Анѓелес - САД. Работи на неколку полиња, има режирано и краток филм.   

Вчеравечер во рамките на придружните програми на Фестивалот на античка дрма „Стоби’ беше промовирана книгата во која се сите драмски текстови, кои годинава учествуваат на Фестивалот. Истата е издание на Полица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »