речник контакт

Афоризми од Атанас Крлевски

Немаме јавно мислење. Кој паметен денес кажува што мисли? Кој има штеди, кој нема влегува во минус. Крлевски подарува афоризми за посетителите на ТРМР, да се насмееме

Петар Печков

Кој има штеди, кој нема влегува во минус

Правиме ајвар на плеј бек, јас мешам а жена ми уста не затвора, фалејќи ме на комшиите

Жените ќе го спасат светот, само моментално се на фризер

 Една жена цвет, две жени  букет, три жени цветен пазар

 Жените најмалку зборуваат во февруари, оти има најмалку денови

 Жените се убедени дека дошле од Венера со вселенски брод, а мажите паднале од Марс

Ако жената го множи мажот со нула, ќе почне да го дели и со два

Сите жени се најубави на фотографиите. Таму ќутат

Зад секоја успешна жена се кријат разочарани комшивки

Жената е како ѓавол ама нема рогови. Мажот не е ѓавол но може да има рогови

Кој рано рани, единствен е на чатот

Мојот карактер тешко се вари, ама сите ме јадат

Умот е единственото нешто на светот што се гледа и кога го немаш и кога го имаш

Не  е кодош, тој е само заштитено лице на фирмата

Политиката е курва, но од нешто мора да се живее
 
Историјата  едни ја создаваат, други ја пишуваат а трети веруваат во неа

Македонците од ништо можат да направат нешто, ама и од многу нешта рпават ништо

Немаме јавно мислење. Кој паметен денес кажува што мисли?
.
Од оваа власт нема да ми фали влакно на главата. Оќелавев од претходната

Тие што имаат грб, работат исклучиво зад грб

 Именуваа нови преговарачи. Претходните заборавија за што преговараа

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »