речник контакт

Афродита е првото новороденче во велешката Болница во 2015-та

Мајката Вишња од Велес, таткото Далибор Стојанов од Росоман, бебето доби подароци од двајца градоначалници. Новогодишни пакетчиња за децата во Детското одделение

Петар Печков

На први јануари во попладневните часови во Велешката болница се роди првото  бебе во оваа 2015 година. Тоа е девојче, рожба на мајката Вишња и таткото Далибор Стојанови, таа велешанка мажена во Росоман. Родителите планираат  бебето да го добие името Афродита.

Ова е наше прво дете. Премногу сум среќна од овој миг. Што се однесува до натамошните планови за поголема фамилија, колку е таа побројна толку е поголема радоста и среќата во семејството. Им ја честитам на таткото ќерката и на мојата и неговата фамилија внуката - рече 27 годишната Вишња. Бебето со царски рез, го породила гинекологот д-р Македонска Наумовска.

 Честитки за првото бебе кое се роди во Велес дојдоа од двацја градоначалници, велешкиот Славчо Чадиев и од градоначалникот на општина Росоман Лазов. Тие и предадоа парични чекови но и пригодни награди. Тие двајцата посакаа радост, среќа, безгрижно детство

 Тоа што е девојче значи бериќет, и за нас и за општина Росоман. Им честитам на докторскиот тим кој го породил бебето - рече Чадиев. Тој подари штедна кништа со 12 илајди денари а општина Росоман со три илјади денари.

Наталитетот во општина Росоман последните години  е на високо ниово, имаме 20 фамилии со четврто дете, три фамилии со пет деца. Кај нас нема невработеност што влијае на наталитетот - рече градоначалникот Стојанче Лазов.

Мајката е породена на 1-ви јануари во 17,30 часот , бебето е тешко  3,120 кг долго 52 цм. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба. Очекувам дека со екипираноста на Болницата со доктори, четворица се на специјализација, плус четворица кои тука работат, велешанки повеќе нема да одат да се породуваат во Скопје  - рече директорот д-р Атанас Василев. 

 Тој информираше дека лани во велешката Општа Болница се родиле 739 бебиња, но ние се од поширокиот регион не само од Општина Велес.  Споредбено во 2013-та  се родиле 749 бебиуња.Во меѓувеме во акушерското одделение родено е уште едно бебе, машко.

 Градоначалникот Чадиев на Детското одделение подари 20-тина новогодишни подарци на децата кои Новата 2015-та година ја пречекаа во оваа здравствена институција. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »