речник контакт

Ајмо сви на Чеплесу!

Оваа година ја почнав најдобро што можеше досега: по одличниот дочек на Новата година и журкањето потоа, падна муабет да одиме на Чеплес. Па си викам, ај да избегаме од ова градско сивило и од секојдневната шема, па хајдемо у планине! Еј, каква авантура, каков предизвик!

Зоран Николов

Оваа година ја почнав најдобро што можеше досега: по одличниот дочек на Новата година и журкањето потоа, падна муабет да одиме на Чеплес. Па си викам, ај да избегаме од ова градско сивило и од секојдневната шема, па хајдемо у планине! Еј, каква авантура, каков предизвик! Па одамна немам видено толку многу снег! Каква природа! Баравме ауспух за да инхалираме оти ни се слоши од чистиот воздух... Бевме и до Бабина рупа (бабата беше многу љубезна и ни свари чајче). Поздрав до Блаже кој како искусен планинар не одведе до таму (ама за тоа ракијата кајсиовка капа му симнувам, ако е минус 10). Луѓе мои, бегајте некаде во природа додека можете, додека не ве врзале некаде на работа, додека не сте направиле џуниорчиња, па после „жената не ме пушта“, „треба да одам кај мама неарна е“, „малиот треба да го земам од школо“ итн. итн. итн...

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »