речник контакт

Баба Маца чека помош

Во домот на Марика Гуцева изгоре се, па дури и пензијата

Петар Печков

Грст ореви останаа  од домот на Марика Гуцева (76 год). Тоа е се што има од куќата, која изгоре до темел од  пламените јазици кои ја зафатија на 8-ми јануари.  Таа секое претпладне  деновиве доаѓа, за да пребара дали нешто останало под  купиштата јаглен и пепел. 

Се што имав изгоре, и облека и покуќнина. Ми изгоре и пензијата. Така сега сум со оваа облека на мене. Се се случи така брзо, што немав можност ништо да земам, спасува жива глава. Се  што создавав 60 години исчезна за еден час - вели Марика.    

Таа е сместена кај  јатрвата Станка. Двете заедно и денес беа во куќата на улица Благој Јосмов бр.19 за проверат, да најдат нешто што останало не опожарено. Дури и машината за шиење е јагленосана а со неа Марика вели можела да шие нешто за по дома,  ама останала и без неа. Од велешкото здружение на  пензионери и најавиле дека  ќе и плаќаат месечна кирија, доколку успее да најде стан за  под кирија.

Кај нив не   можеле да ја примат оти се било полно. Така таа сега е по потрага по гарсонера која ќе ја замени куќата која имаше 70-тина квадрати. Се надева на  помош од државните институции но и приватни фирми, за да може  да еден ден  пак се  всели тука.

Поднесов документи до општината, чекам ЈКЈП Дервен како што ветија да го исчисти шутот, гредите и изгореното. Има најави и од Центарот за социјални грижи дека ќе помогнат како и од Општинскиот црвен крст. Имав скромен живот со пензијата, стасуваше за една живеачка - додава Марика.

Ќерката и живееле во стан од 30 квадрати, синот живеел  во домот на родителите на сопругата и баба Маца е кај јатрвата. Но и  чека помош од хуманите луѓе. Соседите веќе собрале одредени средства, кој  колку има. ќе и ги дадат кога ќе започне да ја  обновува куќата. Најмногу и  помогнало   семејството Велковски, каде беше згрижена веднаш откако телевизорот експлодирал а  потоа  пламенот  ја  пеплоса куќата.  

Марика Гуцева        200001597154947     Стопанска Банка

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »