речник контакт

Бадников хуманитарен ручек, за социјално ранливите категории од Велес

Беа поделени 350 топли оброци

Петар Печков

Денес на пладне,  Бадников хуманитарен ручек, за лицата од социјално ранливите категории од Велес. Беа поделени 350 оброци. 

Оваа хуманитарна акција, која беше четврта во низа, почнувајќи од Св. Никола па во продолжение, беа вкупно поделени 1,6 илјади топли оброци.

Таа  беше реализирана од здружението „Нула гладни во Велес“, заедно со гостилница Боем и Општинската организација на Црвен крст Велес.

На овој начин се обезбедија топли оброци за лица и семејства кои живеат во социјален ризик. Оброците се обезбедени од страна на повеќе донатори, граѓани  или фирми од Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »