речник контакт

Бадникова вечер на жените од Велес

Цел е дружење на жените, со запазување на Божикните вредности

Петар Печков

Со цел запазување на Божикните вредности кај помладата популација и почитување на овој верски празник, во Розе салата и годинава се случи ,,Бадникова вечер,,.

Во преполната сала, повеќе од стотина жени  се дружеа, забавуваа на посната трпеза. Овој настан досега се случува во градот повеќе од две децении, поточно 21 година и секогаш пред Бадник, оти на оваа вечер, жените како и останатите членови на семејствата се дома, во фамилијарна атмосфера.

Тоа што го подготувавме за бадник, во нашите домови, жените го подготвуваат и вечерва. Тука се најдоа посно гравче, посна сарма, риба, пченица. Цел е дружење на жените од Велес, со   запазување на Божикните вредности и почитување на овој верски празник. -изјави Мирјана Трајковска од локалната Организација на  жени од Велес.  

Бадниковата вечер е во организација на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА и Организацијата на жени од Велес а чинот на осветување на трпезата и кршењето на лебот, традиционално  го изврши  свештеникот  Боре Симоновски.  Тој ги потсети домаќинките да носат погача, без никави додатоци, праз, суво грозје бидјеќи таков бил редот.  

Кумови беа четири жени, кај кои лани се паднало лепчето а вечерта се добија новите четири куми за догодина.  Некои се пријавија сами, други им падна паричето во лепчето. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »