речник контакт

Бадникова вечер на жените од Велес (фото)

Цел е запазување на Божикните вредности кај помладата популација и почитување на овој верски празник

Петар Печков

Со цел запазување на Божикните вредности кај помладата популација и почитување на овој верски празник, во Розе салата се случи ,,Бадникова вечер,,.

Стотина жени  се дружеа, забавуваа на посната трпеза. Овој настан досега се случува во градот 20-тина години и секогаш пред Бадник, оти на оваа вечер, жените како и останатите членови на семејствата се дома, во фамилијарна атмосфера.

Бадниковата вечер е во организација на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА и Организацијата на жени од Велес а чинот на осветување на трпезата и кршењето на лебот го изврши  свештеникот  Боре Симоновски.  

Кумови беа четири жени, кај кои лани се паднало лепчето а вечерта се добија новите четири куми за догодина.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »