речник контакт

Бадникова поворка 2023 во Велес (фото и видео )

Божикни пакетчиња на децата од владиката Агатангел и од градоначалникот Марко Колев

Петар Печков

И годинава, повеќе стотина деца, беа во Бадниковата поворка, која од црквата Св. Кирил и Методиј, пеш заминаа до општинската зграда. Преку овој чин тие го најавија е Христовото раѓање пеејќи ја Бадниковата песна „Вечниот Бог“. 

Бадниковата поворка тргна  од црквата  „Св. Кирил и Методиј“,се движеше по улицата „Благој Ѓорев“ до кружниот тек, а потоа  се упати кон Општина Велес, каде децата беа  пречекани од градоначалникот Марко Колев. 

Традиционално и оваа година божикни пакетчиња на децата подели Митрополитот Повардарски владиката  Агатангел по отслужената Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ а потоа и градоначалникот Марко Колев.

видео

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »