речник контакт

Бадникова поворка годинава за прв пат во Чашка (фото)

Учествувале околу 80 коледарчиња

Петар Печков

Годинава за прв пат, во населба Чашка се одржа Бадникова поворка.Околу 80-тина коледарчиња од дворот на црквата Св. Климент Охридски во населба Чашка, заедно со свештеното лице Отец Драган и родители, ја започнаа Бадниковата поворка во пресрет на големиот христијански празник Божиќ со коледарската песна ,,Вечниот Бог” најавувајќи ја убавата вест за Христовото раѓање.

Од црквата Св. Климент Охридски бадниковата поворка се упати кон Општинската зграда каде, беа пречекани од градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски. Тој на  дечињата од поворката им подели коледарчиња.

Во организацијата на Бадниковата поврка учестувале тимовите од детската градинка, Бамби" и ООУ ,,Тодор Јанев"Чашка како и на несебичаната подршка од Црковниот одбор на црквата св Климент Охридски - Чашка.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »