Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 јануари 2018
Околу 500 деца, саботата на Бадник минеа по улиците на Велес и ја пееја песната ,,Вечниот Бог,,. Втора година по ред беше организирана Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот. Тргнаа и ја завршија маршрутата во црквата Св. Кирил и Методиј, каде по завршувањето на Литургијата Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња.
Презадоволни сме од одѕивот на дечињата, очекувавме 300 дојдоа 500. Ако децата досега го правеа на маалски начин со пеење на песна која нема врска со Христовото раѓање, сега е на исправен начин, пеејќи ја радосната песна за раѓањето на Исус. Убаво е да се видат дечињата кои се ангелите, кои ја пеат песната ,,Слава на Бога во висините, а на Земјата мир меѓу луѓето,,. Се надевам дека ќе осознаеме дека љубовта е тоа што треба да не сплотува а разделбите и разијдувањата не се полезни - изјави отец Драги Гаштарски, за телевизија К-1.
фотографии Повардарска Епархија МПЦ - ОА
Tweet |