речник контакт

Баже Петров, од парите кои останаа а беа собрани за негово лекување, подели новогодишни пакетчиња за децата од детско одделение

Петров им се заблагоари на сите кои донираа средства за негово лекување, кое според докторите се покажало за успешно

Петар Печков

Велешанецот Баже Петров денес на децата пациенти од детското одделение од Велешка болница им подари новогодишни пакетчиња.     Неговиот гест е голем, бидејќи нив ги обезбеди  од средствата кои беа донирани за лекување  a остнале неискористени.

„За мое лекување имаше акција за собирање на финансиски средства. Откако беа собрани, дел од нив се потрошија за плаќање на моето  лекување. Докторите кажаа дека здравствената состојба е подобрена и нема потреба од натамошен третман. Затоа одлучив парите кои останаа а беа собрани за мое лекување, да ги наменам за купување на пакетчиња на децата кои се на лекување во велешка болница. Користам можност да им заблагодарам на сите кои донираа средства и помогнаа за моето лекување“ - кажа Петров.

Тој чинот на подарување на пакетчиња го зголеми, со присуство на Дедо Мраз, штои ги израдува дечињата.    

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »