речник контакт

Базенот ќе работи, се додека е убаво времето

Доколку времето послужи ќе работи и за 8-ми септември

Петар Печков

Базенот ,,Летно задоволство,,   ќе продолжи со работа, се додека временските услови  дозволуваат. Ова го најави концесионерот, прашан до кога ќе работи објектот, бидејќи од понеделник започнува училишната година. Вообичаено претходните концесионери, тогаш и  престануваше капачката сезона. 

Ние како концесионери сме, подготвени да продолжиме со работа, се додека временските услови дозволуваат.  Имаме репро материјал за одржување на водата, имаме желба за работа, така што зависи само од временските услови - кажаа од фирмата ПН-МП. 

Годинава базенот започна со работа на 13 јули, влезницата чини 70 денари. Што се однесува до временската прогноза, таа вели дека до празникот 8-ми септември не се очекуваат дождови и поголеми температурни  разлики, така што може да се очекува велешани да го користат базенот се до националниот празник на Македонија, Денот на самостојноста. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »